Турција

Турција: Тројца поранешни градоначалници уапсени поради поврзаност со тероризам

Поранешниот градоначалник Аднан Селчук Мизракли, градоначалникот на подрачјето Кајапинар, Кезбан Јилмаз, и градоначалникот на Бисмил, Орхан Ајаз, сите од Народната демократска партија (HDP), се обвинети за членство во терористичка организација

Erdoğan Çağatay Zontur  | 21.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
Турција: Тројца поранешни градоначалници уапсени поради поврзаност со тероризам

ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили уапсија тројца поранешни градоначалници во југоисточната турска област Дијарбакир, како дел од тековната истрага за тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).

Поранешниот метрополски градоначалник Аднан Селчук Мизракли, градоначалникот на подрачјето Кајапинар, Кезбан Јилмаз, и градоначалникот на подрачјето Бисмил, Орхан Ајаз, сите од Народната демократска партија (HDP), се обвинети за членство во терористичка организација и спроведување терористичка пропаганда.

Во средината на август, градоначалниците на Дијарбакир, Мардин и Ван беа суспендирани поради поврзаност со тероризам, а сите тројца беа од ХДП, која е поврзана со терористичката организација ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.