Erdoğan Çağatay Zontur
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Над 65 осомничени се приведени, милиони долари се запленети во најголемата операција против трговија со наркотици во историјата на Турција, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата наречена „Мочуриште“ е спроведена во соработка со девет држави, и допринесе за апсење на 67 осомничени лица и заплена на 70 милиони турски лири (над 10,21 милиони долари)“, истакна Сојлу.
„Еден од највисоките претставници на групата се бара со црвена потерница [на Интерпол] и е осуден на казна затвор од 26 години во Бразил и Холандија“, рече тој.