Cankut Taşdan
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека е неутрализиран терористот на ПКК со кодно име „Партизан“, одговорен за убиството на 11-месечното бебе Бедирхан Мустафа Каракаја и на неговата мајка Нурџан Каракаја во терористичкиот напад извршен на 31 јули 2018 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, во рамките на внатрешните операции на жандармеријата во областа Јуксекова во Хакќари, југоисточна Турција, неутрализиран е еден терорист.
Утврдено е дека неутрализираниот терорист е Адил Акјурек, со кодно име „Партизан“. Тој се наоѓаше на листата на барани терористи. За него беше распишана и награда од 500.000 турски лири (околу 65 илјади евра).
Според соопштението, неутрализираниот терорист е одговорен за убиството на 11-месечното бебе Бедирхан Мустафа Каракаја и на неговата мајка Нурџан Каракаја во терористичкиот напад извршен на 31 јули 2018 година. Нурџан беше сопруга на подофицерот во турската Војска, Серкан Каракаја.
Исто така се соопштува дека биле запленети големо количество муниција, ракетен фрлач „RPG-7“, пешадиска пушка „М-16“, 2 гранати и двоглед.
ПКК е сепаратистичка организација која што се наоѓа на листата терористички групи на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.