Burak Dağ,Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ИЗМИР / ЧАНАККАЛЕ / МУГЛА (АА) - Турската крајбрежна стража спаси најмалку 112 мигранти, истуркани назад во турските територијални води во Егејот од страна на грчката крајбрежна стража, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската крајбрежна стража соопшти дека е испратен тим во подрачјето недалеку од Чешме, во западната турска област Измир, по сознание за група мигранти блокирани во гумен чамец.
Според соопштеното, вкупно 26 мигранти се префрлени на брегот.
Во одделен случај, друг тим на Турската крајбрежна стража недалеку од Ајваџик во северозападната област Чанаккале, спаси најмалку 22 мигранти.
Припадниците на Турската крајбрежна стража, пак, во западната област Мугла спасија 11 мигранти.
Во подрачјето на Измир, тимовите на Турската крајбрежна стража недалеку од Дикили спасија најмалку 53 мигранти.
По рутинските проверки, мигрантите се однесени во обласните канцеларии за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогонства.
Претходно годинава, Турција ги отвори своите гранични премини за нерегуларните мигранти, обвинувајќи ја ЕУ дека ги нема исполнето своите ветувања во рамки на Договорот за мигранти во 2016 година.
Турција згрижи речиси 4 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.