Burcu Arik
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
КАХРАМАНМАРАШ (AA) - Турција има најголем број локалитети на привремената листа на културни и природни светски наследства на УНЕСКО, истакна Оџал Огуз, претседателот на турската комисија за УНЕСКО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за АА, Огуз изјави дека Турција во 2018 година впишала 18 локалитети на листата на светско наследство на УНЕСКО, и дека вкупно на таа листа се наоѓаат 77 локалитети.
Ѓобеклитепе, најстариот храм на светот, на 1 јули е додаден на листата на светското наследство на УНЕСКО. Откриен е во 1963 година кога истражувачите од универзитите во Истанбул и Чикаго го истражувале тоа подрачје.
Огуз нагласи дека јавната свест за Турција во УНЕСКО се зголемила последните години, додавајќи дека локалните власти, организациите од граѓанското општество и владините агенции работат во согласност за нејзино зголемување.
„Кога го делиме богатството на оваа земја со целиот свет, сметаме дека ќе обезбедиме големи предности и можности во однос на одржливиот развој, како и зачувувањето на културното наследство и негово пренесување на идните генерации. Веруваме во користа од тоа“, додаде Огуз.
Листата на светско наследство на УНЕСКО во Турција го опфаќа манастирот Сумела во покраината Трабзон на Црното Море, Харан во југоисточна Шанлиуфра, пештерата Караин во јужна Анталија, Чанаккале (Дарданели) и Гелиболу (Галиполе), подрачја на борбите во Првата светска војна во Чанаккале.