Hayati Akçay
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ГИРЕСУН (АА) - Во местото Девели, недалеку од северозападниот турски град Гиресун, во тек се работите за расчистување и санација на теренот по големите поплави и свчелиштата што изминатите денови ја погодија областа. Во истовреме, продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во поплавите во Гиресун животот го изгубија најмалку осум лица.
Голем број машини се вклучени во отстранувањето на камењата, песокот, калта кои ги донесе водата за време на поплавите. Со помош на кранови се извлекуваат и автомобилите што останаа под земја заради свлечиштата.
На терен се екипи од турската Управа за вонредни ситуации (АФАД), турската Црвена полумесечина и Градот Гиресун, како и претставници на други невладини организации. За локалното население подготвен е и топол оброк.
Со поддршка на хеликоптери од воздух, продолжува потрагата по припадниците на жандармеријата и повеќе граѓани кои исчезнаа во поплавите што зафатија повеќе подрачја во градот Гиресун. Возило на жандармеријата заврши во водата на патниот правец Тиреболу-Доганкент.