Gözde Bayar
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
АНКАРА
Најмалку 35 воени лица се приведени поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 48 овластени службеници - сите на должност - во турските воздушни сили, за кои постојат наводи дека периодично и постепено комуницирале едни со други преку телефонски говорници“, вели извор, кој зборуваше под услов на анонимност.
Во операциите кои се спроведени во 17 области низ Турција, досега се уапсени 35 осомничени лица.
„Потрагата по 13 други припадници на воениот персонал во бегство продолжува“, додава изворот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.