Турција

Турција ја осуди одлуката на ЕУ за привремен прекин на разговорите на високо ниво

„Оваа одлука покажува колку предрасуди има и колку е пристрасна Европската Унија кон кипарското прашање, а кипарските Турци, кои имаат еднакви права на природните ресурси на островот, не се споменуваат и се игнорираат“

Zehra Nur Düz  | 16.07.2019 - Обновена : 17.07.2019
Турција ја осуди одлуката на ЕУ за привремен прекин на разговорите на високо ниво

АНКАРА (АА) - Одлуката на Европскиот совет за привремено прекинување на разговорите на високо ниво со Анкара нема да влијае врз одлучноста на Турција да продолжи со активностите поврзани со јаглеводородите во Источниот Медитеран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Турското Министерство за надворешни работи истакна дека Турција ќе продолжи да ги штити своите и правата на кипарските Турци и ќе ги зголеми своите активности во овој аспект.

„Оваа одлука покажува колку предрасуди има и колку е пристрасна Европската Унија кон кипарското прашање, а кипарските Турци, кои имаат еднакви права на природните ресурси на островот, не се споменуваат и се игнорираат“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека оваа одлука е последниот пример за тоа како Грците и кипарските Грци го злоупотребуваат членството во ЕУ во однос на нивните максималистички позиции, и за тоа како другите земји на ЕУ стануваат инструмент за спроведување на ова нарушување на правата.

Европскиот совет објави конечна декларација по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Советот во соопштението вели дека во светло на „континуираните и новите нелегални активности на Турција за дупчење (во Источниот Медитеран), Советот ќе ги прекине преговорите за Договорот за сеопфатен воздушен сообраќај и се согласи засега да не го одржи состанокот на Советот за асоцијација и понатамошните состаноци на дијалозите на високо ниво меѓу ЕУ и Турција.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın