Gözde Bayar
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
САКАРЈА
Најмалку 21 осомничен се приведени во Турција за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителите во северозападната турска област Сакарја издадоа налози за приведување на 29 осомничени“, соопштија безбедносни извори, кои побараа да останат анонимни.
Изворите додадоа дека полициски тимови за борба против тероризмот привеле 21 од осомничените во операциите во 10 различни области во Турција, и дека напорите за пронаоѓање на преостанатите осомничени продолжуваат.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, со седиште во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државнот поредок преку инфилтрирање на нејзини поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.