Ekipa
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
АНКАРА (АА) - По повод Светскиот ден на хуманитарната помош, состојбата на лицата на кои им е потребна помош повторно е во фокусот на светската јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од земјите на чии жители најмногу им е потребна хуманитарна помош е Сирија, која е зафатена од војна. Всушност, околу 13,5 милиони жители на Сирија чекаат на хуманитарна помош, а Турција е земја која веќе прими околу три милиони Сиријци во рамките на своите граници, каде што им ги обезбедува сите услови за живот.
Според податоците на Извештајот за глобална хуманитарна помош за 2017 година, Турција се наоѓа на второто место со издвоени шест милијарди долари за хуманитарна помош, веднаш по САД, кои издвоиле 6,3 милијарди.
Во доставувањето на хуманитарната помош за бегалците предничи турската хуманитарна организација Црвена полумесечина и хуманитарната организација ИХХ (IHH).
Според податоците кои по повод Светскиот ден на хуманитарната помош ги подели министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, Турција е земја која одвојува 0,75 отсто од својот БДП за хуманитарна помош, што е најмногу во светот во однос на БДП. По Турција следат Обединетите Арапски Емирати со 0,18 отсто, потоа Луксембург, 0,15 отсто, и Шведска и Данска со по 0,14 отсто.