Hanife Erdinç
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во градот Ајваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 41 странец во обид да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската крајбрежна стража во морскиот простор фати 41 мигрант од кои 11 жени и 17 деца со потекло од Сирија.
Бегалците беа префрлени во полициската станица на Крајбрежната стража.
Тие, наводно два дена без храна и вода во шумата чекале погодно време да се симнат на брегот. Помош им укажаа членовите на Меѓународната организација за миграции (IOM).
Мигрантите по проверката на идентитетот беа испратени во Центарот за враќање на странци во Aјаваџик.