Güç Gönel
26 Март 2022•Ажурирај: 26 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Надлежните власти го затворија сообраќајот во двата правци за сите пловила низ Босфорот, морскиот теснец што ги поврзува Мраморното со Црното Море и ги разделува европскиот и азискиот дел на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за безбедност на Турција соопшти дека поморскиот сообраќај низ Босфорот е затворен од безбедносни причини откако е добиено предупредување дека по површината на водата плива објект налик на мина.
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека екипажот на комерцијален цивилен брод утрово испратил предупредување за објект налик на мина во водите на Босфорот.
Надлежните турски служби интервенираа и стигнаа на теренот за да ја елиминираат потенцијалната закана.