Jeyhun Aliyev
22 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
АДАНА (АА) - Турските безбедносни сили запленија 10.000 опиумски таблети и околу 140 грама кокаин за време на акција против наркотици, изјави денес полициски извор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата за борба против дрога приведе две осомничени лица за време на акцијата во округот Сејхан во јужната област Адана и ги спроведе на суд.
Осомничениот К.А. со автобус во вреќи ја донел дрогата во Адана, додека другиот осомничен, А.Д., чекал да ја преземе на терминалот на автобуската станица.
Двајцата осомничени се задржани во притвор.