Ali Rıza Akkır,Ali Ballı,Durmuş Genç
22 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
МУГЛА (АА) - По ублажувањето на епидемиолошките мерки во Турција, плажите во земјата се полни со гости и капачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Особено се исполнети плажите во турската област Мугла и блиските туристички дестинации, кои се омилени дестинации на туристите од многу земји.
Голем број луѓе се одлучија за одмор на познатите плажи Белџекиз и Кумбурну.
Љубителите на адреналинот, од друга страна, уживаа во параглајдерството и уникатниот поглед на приморјето од птичја перспектива.
Голем број туристи поставуваат шатори во шумските предели, а повеќето од нив денеска решија да запливаат во прекрасното море.
По намалувањето на бројот на случаи на коронавирусот во целата земја, Турција на почетокот на јули укина голем број ограничувања воведени поради вирусот.