Barış Kılıç,Sertaç Bulur
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА - Бирото за спроведување истрага против терористички злосторства при Републичкото обвинителство на Анкара во Турција, во рамките на истрагата за структурите на ФЕТО во централните организации на министерствата, донесе одлука за приведување на 17 лица, од кои 12 претходно се разрешени од нивните работни позиции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде Обвинителството се наведува дека кај лицата за кои е издаден налог за приведување, утврдено е дека ја користеле програмата за шифрирана комуникација „Бајлок“, и по налог на лидерот на организацијата, сите свои финансиски сметки ги префрлиле во „Банк Асја“ (Bank Asya). Притоа, меѓу 17 осомничени, 3 лица се во активна јавна служба, 2 лица се пензионери, а 12 лица претходно биле разрешени од јавната служба.
Обвинителството од Анкара издаде налози за приведување на осомничените во три области во Турција, а операциите ги спроведува Одделот за борба против финансиски криминал на полицијата на областа Анкара.
Досега се приведени 13 лица.