Турција

Турција: Од Анкара тргна „Возот на добрината“ со 750 тони помош за народот во Авганистан

- Помошта од 750 тони наменета за авганистанскиот народ се состои од намирници, облека, ќебиња, медицински материјали и средства за хигиена

Aykut Karadağ, Cüneyt Kemal Özkök  | 27.01.2022 - Обновена : 28.01.2022
Турција: Од Анкара тргна „Возот на добрината“ со 750 тони помош за народот во Авганистан Фото: Рашит Ајдоган / АА

АНКАРА 

Хуманитарен воз, кој превезува 750 тони помош собрана од преку 11 турски хуманитарни организации во координација со Управата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), тргна од Анкара кон Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

На церемонијата на испраќање на возот во Анкара присуствуваа турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу и шефот на Управата за верски прашања на Турција, Али Ербаш.

Караисмаиоглу на церемонијата рече дека Турција продолжува да биде со сите оние на кои им е потребна помош.

Караисмаилоглу истакна дека пружиле околу 750 тони помош на авганистанскиот народ.

„Ќе помине 4.168 километри и ќе стигне до Авганистан преку Иран и Туркменистан“, рече Караисмаиоглу.

Министерот Сојлу потсети дека 12,9 милиони деца во Авганистан живеат во тешки услови и дека им е потребна помош.

Тој ја искоментира дарежливоста на турскиот народ, изразувајќи гордост што тој секогаш им пружа помош на оние на кои им е потребна.

Сојлу рече дека Турција, која секогаш се обидува да им помогне на луѓето во сите делови на светот, ќе продолжи да биде со авганистанскиот народ.

„Ние не живееме случајно на овој простор. Имаме историја, култура, вера и тоа што нѐ учи на вредност“, изјави Сојлу.

Тој додаде дека турскиот народ не е народ кој ја остава совеста настрана, како што е случајот со Западот.

„Светот не се состои само од 2022 година. По нас доаѓаат векови. Како што нашите предци ни оставија во аманет вредно наследство, им помагаа на оние кои имаат потреба низ светот и го задржаа братскиот дух, така и ние сме должни да продолжиме со оваа практика“, рече Сојлу.

Тој нагласи дека Турција е земја која најмногу помогнала во последните четири години.

„А Америка е побогата од нас, Европа е побогата од нас. Ние сме потомци на народ чие срце е богато кога станува збор за овие работи. Сите ние треба да го продолжиме ова и заедно да им подадеме рака на нашите браќа таму“, изјави Сојлу.

Генералниот директор на Железниците на Република Турција (TCDD), Хасан Пезук, рече дека возовите преку рутата Баку - Тбилиси - Карс и средниот крак доаѓаат до Кина и Русија и потсети дека преку Иран и Туркменистан започнале да пристигаат возови во Пакистан и Авганистан

Според Пезук, хуманитарниот воз по Турција ќе минува низ териториите на Иран, Туркменистан и Авганистан.

„Задоволни сме што сме дел од овој проект како ТЏДД и чест ни е што можеме да им помогнеме на авганистанските браќа. Ќе продолжиме да правиме напори за зголемување на благосостојбата, пријателството и братството на луѓето на тоа подрачје. „Возот на добрината“ е најконкретен пример за тоа“, рече Пезук.

Помошта од 750 тони наменета за авганистанскиот народ се состои од намирници, облека, ќебиња, медицински материјали и средства за хигиена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.