Mümin Altaş,Cankut Taşdan
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
АНКАРА
Турската национална разузнавачка организација (МИТ) го врати во Турција осомничениот терорист кој беше баран со црвена потерница на Интерпол поради поврзаност со убиство на турски академик и писател, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неџип Хаблемитоглу, турски академик и писател познат по своите истражувања и книги за терористичката организација ФЕТО, беше убиен на 18 декември 2002 година. Пред неговото убиство, требаше да ја објави својата книга, насловена „Костебек“ (Крт), што ја открива инфилтрацијата на ФЕТО во турските државни институции.
Според безбедносни извори, осомничениот Нури Ѓокан Бозкир кој во Турција е вратен од странство, ќе биде испрашуван од Полицискиот оддел против тероризам во главниот град Анкара.
Со налог за приведување издаден за Бозкир под обвиненија дека е „член на вооружена терористичка организација“ и за „убиство со умисла“, обинетиот побегнал во Украина откако сфатил дека ќе добие затворска казна како дел од истрагата за фатените камиони на 8 септември 2015 година во подрачјето Акчакале во југоисточната област Шанлиурфа кои биле натоварени со материјали што се користат за изработка на експлозиви.
Додека сè уште во тек беше процесот на негова екстрадиција во Турција, Бозкир кој се наоѓаше во Украина упати неосновани обвинувања против Турција, турските државни институции и високи државни функционери во медиумските куќи што се во сопственост на терористичката група ФЕТО.
Неговото барање за азил беше одбиено од украинските власти.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
Оваа терористичка организација стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.