Mümin Altaş
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА
Во подрачјата Хакурк, Зап и Хафтанин во северен Ирак изведена е воздушна акција во која се неутрализирани 4 терористи на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција соопшти „По извршено извидување и набљудување во подрачјата Хакурк, Зап и Хафтанин, откриени се припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК. Во спроведената воздушна операција неутрализирани се 4 терористи на ПКК.“
Во соопштението се истакнува дека операциите продолжуваат со несмалено темпо.