Турција

Турција на своите аеродроми во март им пружи услуга на повеќе од 7 милиони патници

- На аеродромите низ Турција на домашните линии услуги им се пружени на вкупно 17.677.767 патници, заедно со патниците од директниот авионски превоз.

Mustafa Çalkaya  | 07.04.2021 - Обновена : 08.04.2021
Турција на своите аеродроми во март им пружи услуга на повеќе од 7 милиони патници

АНКАРА 

Аеродромите на целата територија на Турција, во месец март им ги пружија своите услуги на вкупно 7.057.896 патници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Одделот за раководење со аеродроми при Министерството за транспорт и инфраструктура (DHMİ) на Турција, ги објави статистичките податоци поврзани со летот на авиони, бројот на патници и транспорт на товар за март.

Според тоа, бројот на авиони што слетале и полетале од аеродромите во Турција изминатиот месец, на кои биле преземени сите потребни мерки во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), изнесува 51.076 домашни летови и 22.537 меѓународни летови. Заедно со надлетувањата, во март е реализиран вкупен авионски сообраќај од 89.680 лета.

На аеродромите во Турција во домашниот авиосообраќај опслужени се 4.561.895 патници, додека во меѓународниот патнички сообраќај услуги им се дадени на 2.489.609 патници. Според тоа, во изминатиот месец во Турција се опслужени вкупно 7.057.896 патници, заедно со патниците со директен транзит.

Аеродромскиот товарен сообраќај (карго, пошта и багаж) изминатиот месец изнесуваше 43.848 тони на домашните линии и 183.384 тони на меѓународните линии, вкупно 227.232 тони.


- Аеродромот „Истанбул“ опслужи 2.212.670 патници

Во авионскиот сообраќај извршен на аеродромот во Истанбул во март слетаа и полетаа вкупно 17.462 авиони, од кои 4.741 на домашни линии и 12.721 на меѓународни линии.

Овој аеродром во март своите услуги им ги пружи на вкупно 2.212.670 патници, од кои 561.980 на домашните летови и 1.650.690 на меѓународните летови.

Од друга страна, на Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде што продолжуваат општите авијациски активности и карго-транспортот, во март е остварен сообраќај од 3.402 лета.

На тој начин, на овие два аеродрома остварен е вкупен авиосообраќај од 20.864 лета.


- Околу 17,7 милиони патници опслужени за три месеци

Анализирајќи го авиосообраќајот на остварени полетувања и слетувања на аеродромите во Турција во периодот од јануари до март, на домашните линии извршени се 136.825 лета, додека на меѓународните линии, 59.236. Според тоа, заедно со надлетувањата во првиот квартал од годината во Турција е реализиран вкупен авиосообраќај од 238.448 лета.

На аеродромите низ Турција на домашните линии услуги им се пружени на 11.650.240 патници, додека во меѓународниот патнички сообраќај услуги добија 6.016.365 патници, вкупно 17.677.767 патници, заедно со патниците од директниот авионски превоз.

Во првиот квартал, со авионскиот транспорт на товар (карго, пошта и багаж), на аеродромите низ Турција транспортирани се вкупно 600.433 тони, од кои 118.865 тони на домашните линии и 481.568 тони на меѓународните линии.

Во првите три месеци од годината, на Аеродромот „Истанбул“ слетале 46.427 авиони и остварен е сообраќај од 5.542.158 патници. Во истиот период, на Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул е остварен авионски сообраќај од 9.080 лета.

На тој начин, на двата аеродрома во Истанбул остварен е вкупен авиосообраќај од 55.507 лета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın