Gorana Jakovljevic
18 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
НЕВШЕХИР
Самовилските оџаци прекриени со снег и магла ги воодушевуваат туристите во регионот на Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, известува агенција Анадолија (АА).
Регионот што се наоѓа во покраината Невшехир во централна Анадолија е на листата на УНЕСКО на светското наследство и познат е по летањето со балони.
Со снежната прекривка и маглата, овој регион потсетува на земја од бајките.
„Кападокија е убава од сите аспекти. Поинаква е во зима, поинаква е во друго годишно време и нуди непроценлива глетка. Сите би требало да го видат ова место во лето и во зима“, рече за АА Сати Озер, турист од Турција.
Угур Ташан, исто така турист од Турција, ги повика сите да ја посетат Кападокија и да уживаат во она што го нуди таа.
Шармантното туристичко место во централната провинција Невшехир е познато по препознатливите „самовилските оџаци“, подземните градови, пештерските хотели и по летањето со балони.