АГРИ (АА) – ОРХАН ЃУНГОР - Палатата „Исак Паша“ во турскиот град Агри, која е втора најголема палата после „Топкапи Сарај“ во Истанбул, со прекрасниот поглед и мирната околина претставува многу посетена туристичка дестинација, пишува Anadolu Agency (AA).
Во Агри, град кој привлекува внимание со своите историски објекти и со природните убавини, опишан какo место каде што поминале многу цивилизации, туристичката сезона се интензивира со мирот што преовладува, постигнат по операциите на турската влада против тероризмот.
Историската палата „Исак Паша“ заедно со калето Догубајазит и турбето Ахмед-и Хани, станаа дестинации не само за локалните и странските туристи, туку и честа дестинација за фотографите.

Покрај палатата изградена во т.н ера на лалињата за време Османлиското царство, која се истакнува со својата специфична архитектура и претставува втора најголема палата по „Топкапи Сарај“ во Истанбул, посетителите имаат можност истовремено да ги посетат и калето Догубајазит турбето Ахмед-и Хани.
- Буџет од 426.000 евра за реставрација -
Гувернерот на Агри, Муса Ишин, за АА истакна дека палата има историска вредност и дека поради тоа за неа има голема заинтересираност.
Ишин нагласи дека во градот е можно да се видат и историските и природните убавини, изразувајќи уверување дека бројот на посетители уште повеќе ќе се зголеми. Тој истакна дека за реставрација на историските објекти одвоиле буџет од 426.000 евра (1,7 милиони лири).
„Ги поканувам сите да ги посетат овие историски вредности. Кога ќе дојдат ќе се соочат со посебни историски вредности“ додаде Ишин.
Од друга страна, Улаш Акан, потпретседател на општината, потсети дека околу палатата е спроведено пошумување и расчистување на околината.
„Ние, палатата „Исак Паша“, турбето Ахмед-и Хани, калето Бајазит и џамијата Бајазит ги гледаме како една историска целина, и се обидуваме да создадеме една зелена околина околу ова подрачје“ истакна Акан.
- Успехот на државата против тероризмот го ревитализира туризмот -
Укажувајќи на посебната важност на оваа палата, Акан соопшти дека во 2013 година палатата „Исак Паша“ ја посетиле 250.000 лица, бројка која потоа драстично се намалила од безбедносни причини. Сепак, како што вели Акан, по 2015 година успехот на државата против тероризмот ја врати безбедноста и мирот во овој регион.
„Ова подобро може да се забележи преку посетителите на палатата Исак Паша. Само во последните две недели имавме голем пораст во бројот на посетители“ истакна Акан.
Акан нагласи дека големата заинтересираност за палатата нее само од страна на локалните туристи туку и од странските.
„Ни дава уште поголема мотивација фактот што овде доаѓаат не само со туристи од другите (турски) градови, туку има голем интерес кај туристите од земји како Јужна Кореја, Кина и земјите од Балканот“ додаде Акан.
- Палатата ја посетиле илјада туристи на ден -
Меѓу другото, директорот за Култура и туризам во турската област Агри, Мухсин Булут, нагласи дека палатата „Исак Паша“ е една од најзначајните туристички дестинации во регионот.
„Со затоплување на времето и со мирата клима во регионот, имаме голем интензитет на туристи. Се случува палатата да ја посетат и по илјада туристи на ден. Веруваме дека оваа бројка и понатаму ќе расте“ истакна Булут.
news_share_descriptionsubscription_contact


