Fuat Kabakcı
01 Октомври 2021•Ажурирај: 02 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека 63. круг на консултативни преговори на Турција и Грција ќе биде одржан на 6 октомври во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претходниот круг преговори беше одржан на 16 март во Атина, а пред тоа во јануари во Истанбул.
Станува збор за преговори кои делегациите на Турција и Грција ги водат од 12 март 2002 година со цел пронаоѓање на сеопфатно, праведно и трајно решение на билатералните спорови за Егејското море и Медитеранот.
Претходно, преговорите ги нарекуваа експлоаторни, а од неодамна официјално се најавуваат како консултативни.