Турција

Турција: Запленети повеќе од 160 килограми хероин

- Турската полиција соопшти дека запленетиот хероин бил спакуван во 602 конзерви и бил подготвен за транспорт во западните земји

Jeyhun Aliyev  | 15.05.2019 - Обновена : 16.05.2019
Турција: Запленети повеќе од 160 килограми хероин

ВАН

„Турската полиција заплени околу 163 килограми хероин во источната област Ван“, објави денес локалната безбедносна служба, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Полициската единица за борба против наркотици го откри хероинот во конзерви на минерален јаглен и го прегледа складиштето во округот Тусба“, се наведува во соопштението на полицијата.

Во соопштението се наведува дека хероинот бил спакуван во 602 конзерви и бил подготвен за транспорт во западните земји.

Две лица се уапсени поради сомнеж дека тргувале со дрога.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın