Salih Baran
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Во турската област Едрене, фатени се 1220 нерегуларни мигранти кои се подготвувале на илегален начин да преминат во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Граничните сили при турската жандармерија во два дена открија неколку групи, кои на илегален начин сакале да ја преминат границата.
Во операциите извршени во подрачјата на Хавса, Ипсала, Мерич, Узункопру, како и во околните села, фатени се 1220 нерегуларни мигранти со потекло од Сирија, Иран, Авганистан, Пакистан, Ирак, Сомалија, Мароко, Палестина, Нигерија, Тунис и Алжир.
Фатените мигранти се пренесени во Дирекцијата за миграција во Едрене.
Се тврди дека 28 од фатените мигранти, од грчката страна биле присилно натерани да преминат во Турција.