Nilay Kar
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес го прими новиот дипломатски претставник на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот амбасадор Дејвид Мајкл Сатерфилд му ги предаде акредитивите на турскиот претседател во Претседателскиот комплекс.
Во февруари, американскиот претседател, Доналд Трамп, го номинираше Сатерфилд за дипломатски претставник на САД во Турција. Американскиот Сенат ја потврди номинацијата кон крајот на јуни.
Последниот амбасадор на САД во Турција беше Џон Бас, кој на функцијата дипломатски претставник служеше од 2014 до 2017 година.
Бас ја напушти Турција во октомври 2017 година во периодот на визната криза помеѓу Вашингтон и Анкара. Оттогаш функцијата амбасадор не е пополнета.
Дипломатските односи помеѓу Турција и САД се воспоставени во 1927 година по основањето на Република Турција во 1923 година.