Haydar Toprakçı
01 Август 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ТУНЏЕЛИ (АА) - Терористи извеле напад врз станица на жандармеријата во градот Хозат од провинцијата Тунџели, во кој животот го загубиле двајца војници, а тројца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, сепаратистичката терористичка организација во раните утрински часови, со автоматски пушки извршила напад врз жандармериската станица Далорен во Тунџели.
Во нападот се ранети двајца војници и едно цивилно лице, кое дошло во жандармеријата заради пријавување во рамките на условната казна.
Откако безбедносните сили им возвратиле на напаѓачите, тие избегале од местото на нападот.
Безбедносните сили во областа започнале операција за пронаоѓање на напаѓачите.