Haydar Toprakçı
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ТУНЏЕЛИ (АА) - Турските безбедносни сили во покраината Тунџели пронајдоа, и на безбеден начин уништија автомобил во кој терористите имаа ставено еден тон експлозив, јавува Anadou Agency (AA).
Канцеларијата на гувернерот на покраината Тунџели изјави дека анти-терористичката операција во текот на изминатата ноќ во предградие на Oваџик откри напуштен автомобил во кој терористите на ПКК поставиле еден тон експлозив.
Во соопштението се наведува дека во текот на ноќта се преземени сите неопходни мерки за евакуација и утрово во 7:45 часот наутро по локално време, со хеликоптерска акција е неутрализирана откриената закана.
Воен хеликоптер го погоди и го уништи автомобилот со експлозив, без човечки жртви и материјална штета.
Турските безбедносни сили започнаа акција за пронаоѓање на терористите кои го подготвувале спречениот бомбашки напад.