Sarp Özer
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на организираните операции на безбедносните сили со беспилотно летало во северниот дел на Ирак неутрализирани се 4 лица припадници на сепаратистичката терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат започнатите операции на оружените сили во Хакќари против сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Во подрачјето на Истип Дихук, во јужниот дел на планината Гувен, северно од Ирак, беа идентифукувани припадници на сепаратистичката терористичка организација. Во напад на беспилотно летало во оваа област неутрализиран е еден терорист, а двајца други се тешко ранети.
Во северниот дел на Ирак, во близина на Планината Ѓале во Сари Корова, со беспилотно летало неутрализиран е еден терорист.
Во рамките на операцијата, досега во Хакќари неутрализирани се 463 терористи. Во меѓувреме, од страна на безбедносните сили во подрачјето Дилекли Хисар, во Хакќари, беа запленети 30 рачни бомби, 2 спајперски пушки „дурганов“ и други резерви на оружје и храна.