Турција

Турција го отфрли соопштението на Советот за безбедност на ОН за градот Мараш

„Овие изјави се засноваат на црната пропаганда на кипарските Грци и на Грците, како и на неоснованите тврдења, како што се тие дека Мараш не е територија на ТРСК [Турска Република Северен Кипар]...“

Beyza Binnur Dönmez  | 24.07.2021 - Обновена : 26.07.2021
Турција го отфрли соопштението на Советот за безбедност на ОН за градот Мараш

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција го отфрли соопштението на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), како и „неоснованите тврдења“ на неколку земји за повторното отворање на градот Мараш на турски Кипар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ние ја отфрламе изјавата дадена од Советот за безбедност на ОН за втората фаза од иницијативата за Мараш, најавена од претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), г-дин Ерсин Татар, на 20 јули 2021 година, како и изјавите на разни земји што се засноваат на неосновани тврдења и не се конзистентни со реалната состојба на островот“, се вели во соопштението на турското Министерство.

„Овие изјави се засноваат на црната пропаганда на кипарските Грци и на Грците, како и на неоснованите тврдења, како што се тие дека Мараш не е територија на ТРСК [Турска Република Северен Кипар], дека ТРСК ќе го конфискува имотот во Мараш и дека ќе донесе доселеници таму против правата на сопственост“, се додава.

Истакнувајќи дека Мараш е дел од турски Кипар, се нагласува дека градот „не е отворен за населување и беше прогласен за воена зона како гест на добра волја од страна на властите на ТРСК“.

Турција даде уверување дека сите одлуки донесени од властите на ТРСК „ги почитуваат имотните права и се во целосна согласност со меѓународното право“.

„Наспроти тврдењата, релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН не се прекршени“, соопшти Министерството.

Од своја страна, Министерството за надворешни работи на ТРСК исто така ја критикуваше изјавата на Советот за безбедност на ОН (СБОН), велејќи дека одлуката за користење на јавните површини и отстранувањето на воениот статус на одреден дел од Мараш е „во согласност со меѓународното право, но исто така има за цел да ги заштити правата на сопствениците на имоти“.

„Формулацијата на соопштението на Претседателството на СБОН за „повторното отворање на дел од оградената област на Вароша е погрешна“, се вели во него, и се додава: „Советот на министри на ТРСК не донесе одлука за повторно отворање на споменатата област со тргнат воен статус.“

„Жално е што СБОН издава соопштение базирано на неоснованите тврдења на кипарските Грци во однос на „повторното населување“ на оградените делови на Мараш/Вароша“, се додава од турското МНР.

Делумно отворен на 8 октомври 2020 година, откако со децении беше „град на духовите“ по мировната операција на Турција на островот во 1974 година, како одговор на државниот удар што имаше за цел припојување на Кипар кон Грција, Мараш ги привлече и луѓето кои живеат во Турската Република Северен Кипар, како и странските туристи, со опкружувањето и пејзажот околу градот.

Островот Кипар е поделен од 1974 година кога пучот на кипарските Грци насочен кон грчка анексија на островот беше проследен со насилство врз Турците кои живеат на островот, по што следуваше интервенција на Турција како земја гарант.

Во последните години одвреме-навреме се активира мировниот процес, меѓу кој е и неуспешната иницијатива од 2017 година од Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија. ТРСК е основана во 1983 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.