Elvır Hodzıc
30 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
АНКАРА (АА) - Низ Турција денес се одбележува националниот празник Денот на победата, а по тој повод во земјата и во дипломатските претставништва се организирани низа пригодни манифестации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе го предводи државниот врв на свечената церемонија во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
Во таа прилика ќе биде интонирана националната химна на Република Турција и ќе биде положено цвеќе.
Свечен прием по повод националниот празник ќе биде организиран и во Претседателската палата во Анкара.
Празникот Денот на победата во Турција се одбележува по повод сеќавањата на битката по која е прогласена модерна Република Турција.
Предводени од воениот водач и основач на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, турските сили на денешен ден, пред 99 години, забележаа голема победа во Битката кај Думлупинар, последната битка во Војната за независност на Турција, што се водеше од 1919 до 1922 година.