Турција

Турција ги повика претставниците на ЕУ, Италија и Германија поради претресот на турскиот брод

Турција им врачи дипломатска нота поради неделниот упад и претрес на товарниот брод „МВ Розелин А“ во рамките на операцијата „Ирини“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 24.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
Турција ги повика претставниците на ЕУ, Италија и Германија поради претресот на турскиот брод

АНКАРА (АА) - Претставниците на Европската Унија, Италија и Германија во турскиот главен град Анкара беа повикани во Министерството за надворешни работи на Турција поради контроверзниот претрес на бродот со турско знаме од страна на поморската мисија на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, ги повика амбасадорите на ЕУ и Италија, како и германскиот вршител на должноста, поради тоа што амбасадорот е отсутен“, се вели во соопштението на Министерството.

Турција им врачи дипломатска нота поради неделниот упад и претрес на товарниот брод „МВ Розелин А“ во рамките на операцијата „Ирини“, европска мисија започната на почетокот од оваа година за спроведување на ембаргото за оружје на ОН за Либија.

„Во нотата се наведува дека 'инцидентот е во спротивност со меѓународното право и ги задржуваме нашите права за надомест'“, се вели од Министерството.

Вчера Министерството го осуди незаконското пребарување на бродот во неделата од страна на германската фрегата.

Турција рече дека бродот не го прекршил ембаргото, но дека ембаргото се спроведува на пристрасен начин во корист на пучистот Калифа Хафтар.

Министерството претходно соопшти дека турскиот брод превезувал само боја и хуманитарна помош до либиското пристаниште „Мисрата“.

Либија е разорена од граѓанска војна по соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година.

Новата влада беше формирана во 2015 година во рамките на договорот предводен од ОН, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради нападите на Хафтар.

Турција ја поддржува легитимната Влада на Либија, со седиште во главниот град Триполи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın