Zafer Fatih Beyaz
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба (МИТ) го неутрализира Хизрет Чалкин, со кодно име „Дихлаз“, таканаречениот „одговорен за курири“ на терористичката организација ПКК/КЏК, во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ се здобил со информации дека припадникот на терористичката организација ПКК/КЏК, Хизрет Чалкин, кој се наоѓа во сивата категорија на барани терористи и го координира трансферот на терористи помеѓу Ирак и Сирија ќе учествува на еден состанок.
Разузнавачките елементи на МИТ кои се наоѓаат на теренот го следеле терористот Чалкин чекор по чекор и утврдиле дека ќе се состане со други терористи.
Во операцијата која се реализира за време на состанокот на терористите во северен Ирак, Чалкин е неутрализиран заедно со останатите терористи присутни на состанокот.
Чалкин во терористичката организација ПКК/КЏК се приклучил во 2011 година, кој до 2014 година се наоѓал во Турција, а потоа избегал во Сирија.