Burcu Çalık Göçümlü
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција нагласи дека се лажни тврдењата на Ерменија дека против нив се користени турски авиони и вооружени беспилотни летала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство се истакнува:
„Ерменски официјални профили изнесуваат лажни тврдења дека турски авиони и невооружени (İHA) и вооружени беспилотни летала (SİHA) се користени против нив. Ова не е ништо друго освен црна пропаганда, за да се создаде перцепција дека Турција е против нив, со цел да ја зголеми својата поддршка“, се нагласува во соопштението.
Се истакнува дека овие обвинувања никој не ги сфатил сериозно освен приврзаниците на Ерменија и се додава: „Од друга страна, Азербејџанските вооружени сили, во изминатите неколку дена му покажаа на светот дека имаат способност и можност самостојно да постигнат победа, и решителност да ги спасат своите окупирани територии.“