Турција

Турција: Волонтер ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

„Процесот поврзан со втората доза од автохтониот кандидат за вакцина започна. Се надеваме на успех“

Faruk Zorlu  | 27.11.2020 - Обновена : 28.11.2020
Турција: Волонтер ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Втората доза од потенцијалната вакцина против Ковид-19 развиена во Турција е дадена на волонтер, пренесува Агенција Анадолија (AA)

„Процесот поврзан со втората доза од автохтониот кандидат за вакцина започна. Се надеваме на успех“, напиша турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на Твитер.

Вакцината се развива на Универзитетот „Ерџијес“ во централната турска област Кајсери, со поддршка на Институтот за здравствена управа на Турција (TUSEB).

Универзитетот во соопштението наведе дека во тек е првата фаза од испитувањата. Првата доза на доброволец беше дадена на 5 ноември, а втората инјекција истиот волонтер ја доби вчера, 21 ден подоцна.

„Првата доза на вакцината ја примија уште 44 доброволци на возраст од 18 до 55 години“, рече ректорот Мустафа Чалиш, додавајќи дека не се забележани нуспојави.

Додаде дека волонтерот кој ја примил втората доза исто така е во добра состојба.

„Планираме на 15 декември да преминеме во втората фаза од испитувањата“, рече Чалиш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın