Emrah Gökmen
27 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во 14 области на Турција се извршени истовремени операции за пронаоѓање на 44 осомничени лица против кои е донесена одлука за приведување поради структурирањето на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, тимовите на Одделот за борба против тероризмот при Полициската дирекција во Истанбул започнаа операција за пронаѓање на осомничените лица во тајното структурирање на ФЕТО, меѓу кои војници во активна служба, војници отстранети од функција и отстранети воени студенти.
Тимовите извршија истовремени операции за фаќање на 13 осомничени во 14 различни локации во Истанбул.
Исто така, овие тимови извршија операции и во 13 други турски области за фаќање на 31 осомничен.
Во рамки на овие операции, приведени се голем број осомничени, додека во тек се операциите и во други локации.