Övünç Kutlu
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Република Турција во јануари ја посетија речиси 1,3 милиони странски туристи, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Aгенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за култура и туризам, Турција во јануари ја посетиле 1,28 милиони странци, што е за 151 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Истанбул, најнаселениот град во Турција, повторно беше топ дестинација за странските туристи. Градот на Босфор минатиот месец го посетиле 791.578 странци.
Меѓу најпосетуваните градови се Едрене (148.016 странски посетители) и Анталија (117.801).
Најбројни се Русите, кои броеле 134.215 или близу 10,5 отсто од вкупниот број странски посетители. По нив следуваат туристите од Бугарија (109.971) и од Иран (106.957).