İsmail Şen,Suat Öztürk
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
ЕЛАЗИГ
Минибус кој превезувал лица што оделе на свадба се судри со камион во подрачјето на турскиот град Елазиг. Во несреќата животот го загубија 3 лица, а 12 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА)
Минибус со свадбари кои од градот Кахраманмараш се движел кон градот Карс, на 30. километер од патот Елазиг - Бинѓол удрил во задниот дел на камион.
Во несреќата животот го загубија 3 лица, а 12 се повредени.
Лицата што се наоѓале во близина веднаш упатиле повик, по кој на местото на несреќата пристигнале здравствени, полициски, противпожарни и жандармериски екипи.
Екипите на Брзата помош информираа дека повредените што се префрлени во локалните болници се во добра здравствена состојба.