Турција

Турција: Во операција на безбедносните сили приведени 3.673 лица

Во рамките на операциите пронајдени се 94 исчезнати лица, од кои 4 деца, а против 1.830 лица се подигнати судски и административни постапки

Muhammed Boztepe  | 17.02.2019 - Обновена : 18.02.2019
Турција: Во операција на безбедносните сили приведени 3.673 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, единиците на полицијата, жандармеријата и крајбрежната стража спроведоа истовремени операции на целата територија на Турција, во која учествуваа 58.528 припадници на споменатите служби и 235 кучиња за откривање на 4.623 локации во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Безбедносните служби спроведоа опсежни акции на локации на кои постои голема концентрација на население, како што се трговски центри, центри за забава и активности, саеми и центри за прослава, напуштени згради, јавни објекти, улици и булевари, станици за јавен превоз, пристаништа, градски и меѓуградски автобуски станици, паркови, градини и јавни простори отворени од 20:00 до 23:00 часот.

- Извршено е испитување на идентитетот на 575.163 лица -

Во операцијата извршено е испитување на идентитетот на 575.163 лица, проверени се 147.580 возила и 18.643 јавни места.

Во спроведените акции приведени се 3.673 лица против кои е поднесено обвинение за убиство, ранување, грабеж, измама, сексуално вознемирување, сексуална злоупотреба на деца, трговија со дрога, членување во ФЕТО/ПЈД и во други вооружени терористички организации, шверц и други кривични дела.

За време на операцијата запленети се 14 револвери, 23 ловечки пушки, 14 револвери плашливци, 1.067 парчиња муниција, 17 парчиња ладно оружје, 375 грама дрога, 15 наркотички таблети, 33 литри нелегален алкохол и 1.280 шверцувани пакети цигари.

- Судски постапки против 1.830 лица -

Во рамките на операциите пронајдени се 94 исчезнати лица, од кои 4 деца, а против 1.830 лица се подигнати судски и административни постапки.

За време на операцијата се затворени 13 работни места, пронајдени се исчезнати 221 возило, а од сообраќајот се исклучени 944 возила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.