Barış Gündoğan
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 58 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во текот на акциите на турските безбедносни сили во последните седум дена во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (АА).
Од Генералштабот на турската армија споделени се информации за активностите на турските безбедносни сили во последните седум дена, од 10. до 17. август, и објавено е дека се извршени акции против ПКК во градовите Ширнак и Хакќари.
Во текот на опсежните акции неутрализирани се 58 терористи и запленети се 26 автоматски пушки, три митралези, снајперска пушка, три минофрлачи, сачмарки и голем број пиштоли.
Покрај тоа, запленети се 2.500 килограми амониум нитрат, 38 рачни бомби, две противтенковски мини, 17 парчиња импровизирани експлозивни направи. Исто така, уништени се магацини и засолништа што ги користеле припадниците на терористичката организација.
Исто така, АА дознава дека за време на операциите неутрализирани се терористи кои претходно убија еден турски командант. За време на акциите загинаа седуммина припадници на безбедносните сили, а 12 беа ранети.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и во Соединетите Американски Држави (САД).