Турција

Турција: Во Истанбул уапсен терористот на ФЕТО, Ибрахим Татар

Во операцијата од слобода е лишен Ибрахим Татар, т.н. основач на ФЕТО-структурите за Африка, кој воедно е високопозициониран припадник на таа терористичка организација.

Halil Demir  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Турција: Во Истанбул уапсен терористот на ФЕТО, Ибрахим Татар

ИСТАНБУЛ

Во Истанбул, во Република Турција, е уапсен припадникот на терористичката организација ФЕТО, Ибрахим Татар, т.н. основач на структурите на таа терористичка организација за Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Екипите на Одделот за борба против организиран криминал и разузнавачката служба при полицијата во Истанбул, вчера во подрачјето Умраније организираа координирана акција против структурите на ФЕТО.

Во операцијата од слобода е лишен Ибрахим Татар, т.н. основач на ФЕТО-структурите за Африка, кој воедно е високопозициониран припадник на таа терористичка организација.

Извршен е претрес на објектот што припадниците на ФЕТО го користеле како ќелија на организацијата, а запленета е поголема количина дигитален материјал, документи и одреден износ на пари.

Во тек е процесуирање на осомничениот.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın