Aykut Karadağ
03 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека во антитерористичката акција во југоисточниот дел на таа земја на 29 април се неутрализирани шестмина терористи, меѓу кои биле и тројца што се барале со „црвена“, „портокалова“ и „сива“ потерница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека станува збор за операцијата „Ерен-2 шехид Мехмет Челик“, што турската жандармерија ја спроведува против терористичката организација ПКК на периферијата на подрачјето Личе во покраината Дијарбакир.
Турските сили во таа акција на 29 април со поддршка на хеликоптери и беспилотни летала неутрализираа шестмина терористи што подготвувале терористички акт.
Меѓу неутрализираните терористи се и тројца од потерниците што турското Министерство за внатрешни работи ги распишува во повеќе категории.
Неутрализирана е и терористката Суна Тас, која на терористите на ПКК им се придружи во 2011 година и која се наоѓа на „црвената“ потерница на најбарани терористи во Турција. Таа беше една од водачите на терористите на ПКК во тој регион. За информациите што би можеле да доведат до нејзино лоцирање беше понудена и парична награда во износ до 10 милиони лири (1,21 милиони долари).
Меѓу неутрализираните е и терористката Латифе Ханини, која се бараше со „портокалова“ потерница, за чие фаќање Турција нудеше награда во износ до милиони лири (121.000 долари), и терористот Дилан Силинсин, кој се бараше со „сива“ потерница, за чие фаќање беше распишана парична награда од 600.000 лири (72.500 долари).