Handan Kazancı
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција денес приведе 30 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се случија откако Обвинителството во Истанбул издаде налози за приведување на 31 осомничен како дел од истрагата за терористичката организација“, изјавија изворите кои побараа да останат анонимни.
Во симултани антитерористички операции на 29 адреси во Истанбул, полицијата заплени и 17.515 евра и скоро 7.000 турски лири.
Во тек се акциите за приведување на преостанатиот осомничен.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.