Турција

Турција администрира над пет милиони дози од вакцината против Ковид-19

Во Истанбул, во кој живее речиси петтина од турското население, администрирани се повеќе од 810.000 дози вакцина против коронавирусот, односно над 680.000 први дози и 120.000 втори дози

Faruk Zorlu  | 16.02.2021 - Обновена : 18.02.2021
Турција администрира над пет милиони дози од вакцината против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Турција досега даде преку пет милиони дози вакцини против коронавирусот на населението низ земјата, покажуваат податоците на турското Министерство за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството, повеќе од 4,32 милиони луѓе до денес ја примиле првата доза на вакцината против новиот вид коронавирус, додека втората доза ја примиле речиси 703.000 лица.

Во Истанбул, во кој живее речиси петтина од турското население, администрирани се повеќе од 810.000 дози вакцина против коронавирусот, односно над 680.000 први дози и 120.000 втори дози.

Речиси 450.000 дози вакцина се администрирани на населението во главниот град Анкара.

Минатата недела, пред почетокот на вакцинацијата со втора доза, министерот за здравство Фахретин Коџа изјави дека Турција има намера да вакцинира 60 отсто од населението.

„Турција обезбеди најмалку 15 милиони дози вакцина против Ковид-19 и постигна договор за повеќе од 100 милиони дози вакцини“, изјави Коџа.

Тој додаде дека Турција во февруари ќе прими 500.000-800.000 дози на вакцината на „БајоНтек“, а вкупниот број ќе достигне 4,5-5 милиони до крајот на март.

Турција ја започна масовната кампања за вакцинација против коронавирусот на 14 јануари, почнувајќи од здравствените работници и постарите лица.

Од декември минатата година Турција во обид да го сузбие ширењето на вирусот воведе полициски час во текот на ноќта и викендот.

Од декември 2019 година пандемијата однесе повеќе од 2,4 милиони животи во 192 земји и региони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

Во светот се регистрирани над 109,2 милиони случаи на коронавирусот и над 61,41 милиони оздравени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın