Enes Kaplan
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турција во Велика Британија го испрати вториот дел од медицинската помош во рамките на борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавена на Твитер, се истакнува дека вториот дел од медицинските материјали, во рамките на борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, по инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска е испратен во Велика Британија.
Претходно, Турција испрати медицинска помош за борба против вирусот Ковид-19 до Италија, Шпанија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.