Cebrail Caymaz,Eşber Ayaydın
15 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Хатиџе Чевик, градоначалничка на општина Суруч која се наоѓа во турската област Шанлиурфа, е приведена во рамки на антитерористичката истрага, јавува Aгенција Анадолија (AA).
Во рамки на антитерористичката истрага спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство во Шанлиурфа, извршени се истовремени операции на 17 посебни локации во градот.
Полициските тимови приведоа 14 лица, меѓу кои и градоначалничката на општина Суруч, Хатиџе Чевик.
Приведените лица, меѓу кои и Чевик, се пренесени во Одделот за борба против тероризмот во Градската полициска дирекција.
Меѓу другото, полицијата започна истрага во зградата на Општината.