Halil Demir
31 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Во акциите против терористичките организации ДЕАШ и ПКК, организирани во Истанбул, Република Турција, приведени се 16 лица, додека во Газиантеп од слобода се лишени 11 осомничени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Одделот за борба против тероризмот во Истанбул покренаа акции против лицата осомничени дека дејствувале во име на терористичките организации ДЕАШ и ПКК.
Две операции се организирани против ДЕАШ, а една против ПКК.
Приведени се 16 лица, од кои 15 се верува дека се поврзани со ДЕАШ, а едно со ПКК.
Запленети се поголемо количество дигитален материјал и документи.
Нивната обработка е во тек.
Единаесет лица се приведени во операција против терористите на ДЕАШ организирана во Газиантеп.