Турција: Во Адана стациониран дополнителен систем „Патриот“ на сојузничката воздушна команда на НАТО во Германија
Распоредувањето на системот доаѓа како „дополнение на мерките преземени на национално ниво за осигурување на безбедноста на нашиот воздушен простор и на граѓаните“
ИСТАНБУЛ (АА) – Турското Министерство за одбрана денес соопшти дека дополнителен систем „Патриот“, распореден од сојузничката воздушна команда на НАТО во Рамштајн, Германија, е стациониран во јужната турска област Адана, заедно со постојниот шпански систем „Патриот“, јавува Анадолу.
Портпаролот на Министерството, контраадмирал Зеки Актурк, ги даде овие изјави за време на прес-конференцијата во 10. главна команда на воздухопловната база во Инџирлик, Адана.
Актурк додаде дека распоредувањето на системот доаѓа како „дополнение на мерките преземени на национално ниво за осигурување на безбедноста на нашиот воздушен простор и на граѓаните“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
