Sergen Sezgin,Harun Reşit Kaymaz
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
БИЛЕЏИК (АА) – Откривањето на околу 3,5 милиони унци злато во рудникот на производителот на ѓубрива „Губреташ“ во областа Согут, во турската област Билеџик, ги изненади и возбуди жителите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откривањето на резервите го соопшти претседателот на земјоделските кредитни задруги и генерален директор на „Губреташ“, Фахретин Појраз.
Се очекува ископувањата на резервите на злато да започнат за 2 години со домашни ресурси.

Рудникот, во кој вредноста на резервите на злато се проценува на околу 6 милијарди долари, се наоѓа во подрачјето на новиот пат кон Ескишехир.
Агенција Анадолија (АА) го сними подрачјето со беспилотни летала.
- „Согут од историски аспект е регион со многу карактеристики“ -
Гувернерот на Билеџик, Билал Шентурк, во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) рече дека е возбуден од откривањето на резервите.
Шентурк, наведувајќи дека добрата вест ја споделил Фахретин Појраз, потсети дека Согут од историски аспект е регион со многу карактеристики.
Говорејќи за областа Согут, Шентурк нагласи: „Иднината на областа е многу светла, исто како што беше светло и минатото.“
„Ова се многу значајни резерви. Во Билеџик имаше разновидни минерали, но толку богата резерва на злато нè направи многу среќни. Тоа е многу важно за развојот на нашиот регион, а исто така ќе даде директен и индиректен придонес за економијата на земјата. А ќе овозможи и вработување.“