Diyar Güldoğan
07 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
КАЈСЕРИ (АА) - Вкупно 12 лица се приведени денес под сомнение за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата за борба против тероризмот спроведе операција во куќа со лозје во централниот дел на областа Кајсери и приведе 10 лица.
Десетте осомничени лица, за кои се вели дека претходно биле ослободени од Судот да се бранат од слобода додека траел нивниот судски процес за поврзаност со ФЕТО, повторно се обиделе да воспостават врски со терористичката организација.
Во областа Токат се приведени 2 лица.
Одвоено, 2 од 4 осомничени лица, кои биле приведени претходно, задржани се во притвор во врска со военото структурирање на ФЕТО во областите Сивас, Анкара, Мерсин и Кахраманмарас.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен се виновни за неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година, а во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети.