Zuhal Demirci
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Германија во Анкара, Мартин Ердман, е повикан во Министерството за надворешни работи на Турција поради активностите кои во германскиот град Келн ги организираа поддржувачите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
- Презентација на терористичката организација во Германија -
Во писменото соопштение кое го даде турското министерство се вели: „Го осудуваме давањето дозвола за организирање активности на огранокот на терористичката организација ПКК во германксиот град Келн и во оваа земја, и истовремено вршење терористичка пропаганда на тој собир. Тоа е силно изразено со нашата реакција, преку поканата амбасадорот на Германија во Анкара дојде во нашето министерство”.
Во соопштението се наведува дека иако според германското законодавство е забрането спроведување пропагандни активности на собир кој е најавен како фестивал, германските власти замижале пред активностите на кои биле истакнати симболи на терористичката организација, биле поставени постери на лидерот Абдула Оџалан, а еден од актуелните лидери на ПКК прочитал порака во која се фали тероризмот.
- „Ја повикуваме Германија да заземе принципиелен став” -
Во соопштението се вели дека е многу 'симптоматично' што активностите во Келн се втори по ред откако германските власти објавија дека нема да дозволат ваков вид активности во земјата, истакнувајќи: „На глобално ниво, загрижувачки е ставот на Германија со својот двоен аршин во борбата против тероризмот. Ја покануваме Германија да заземе принципиелен став против секаков вид на тероризам”.
- Промовирање на тероризмот во Германија -
Поддржувачите на терористичката организација ПКК во Германија организираа сопствена промоција под закрилата на наводен Курдски фестивал. На плоштадот Дојц Верфт (Deutzer Werft) во Келн се собраа околу 3.000 приврзаници на терористичката организација, а на новинарите на турските медиуми не им е дозволено да го следат настанот. За време на активостите се презентирани постери на лидерот на терористичката организација Абдула Оџалан и постевени се транспаренти со симболи на терористичката организација, кои германските власти претходно ги забранија.
Освен тоа, за време на настанот над небото во Келн леташе изнајмен авион на којшто беше закачен постер „Слободен Оџалан”. Покрај постерите и транпсрантите кои беа поставени пред очите на германската полиција, често беа извикувани и пароли за поддршка на терористичката организација ПКК и лидерот Оџалан.
Властите на Келн поради „загриженост за безбедноста” минатата година не дозволија одржување на споменатиот фестивал.